Вистински информатор за пчеларство
Get Adobe Flash player

 

trulez

 

 

 

Американската трулеж или гнилец е опасна и многу заразна болест кај пчелите која е предизвикана од бактеријата Paenibacillus larvae. Оваа бактерија постојано е присутна кај пчелините друштва, но не предизвикува секогаш болест.

 

 

 

 

 

ameriktrulez

Американската трулеж или гнилец е опасна и многу заразна болест кај пчелите која е предизвикана од бактеријата Paenibacillus larvae. Оваа бактерија постојано е присутна кај пчелините друштва, но не предизвикува секогаш болест.

Причини и услови за појава на Американската трулеж

Покрај лошата паша во причини за појава на Американската трулеж ,или Американскиот гнилец, спаѓаат неумерената прихрана со шеќер или со разните замени за полен, чување стари саќи, одземање на младите пчели, често и неумерено вознемирување на друштвата, додавање отворено легло без пчели, недостаток на континуиран, обилен внес на полен со потекло од повеќе растителни видови и слично. Се разбира, сите овие неповолни фактори можат да предизвикаат појава на скоро секоја болест кај пчелите не само појава на Американска трулеж/гнилец.

Препознавање на болеста

Самата Американска трулеж најчесто лесно се препознава по вовлечените-вдлабнати восочни поклопци на затворените легла, кои често се избушени, со еднолична маса со кафеава боја во ќелијата во која се претворила заболената ларва и која се растегнува во долга нитка. Скоро сите заболени ларви потемнуваат 10-15 дена после ведењето. Тогаш ларвите почнуваат да гнијат при што се забележува миризба на гнилеж од каде и дошло името на оваа болест.

За сигурна потврда сека се работи за Американски трулеж потребно е да се направат лабараториски анализи. Сепак, постојат некои начини кои можи да ги примени и пчеларот аматер и со голема сигурност да утвдри дали се работи за А. трулеж. Сувите красти, во кои се претвораат ларвите после 60 дена, имаат силна флоуресцентна боја кога се осветлени со ултравиолетова светлина. Оваа светлина ја даваат апаратите за проверка на фалсификувани пари, а во последно време можат да се набават вакви апарати за лична употреба и за ефтина цена. Во следново видео можете да погледнете инструкции како да ги препознаете знаците на заболување од А.трулеж.
{youtube}v2Aa56jut7Y{/youtube}
Лечење со антибиотици

Денес пчеларите се почесто Американската трулеж ја лечат со антибиотици. И навистина, гледано со голо око болеста така успешно се победува и исчезнува многу брзо, особено ако трулежта е откриена во почетната фаза на развој. Меѓутоа пчеларите што користат антибиотици не се свесни за штетата што ја прават која е поголема отколку корисноста на овој метод. Наместо, како што е според законот, да ја уништат и запалат заедницата која е извор на заразата тие примениуваат антибиотик при што во поголем број случаи видливата болест исчезнува и пчеларот тогаш е задоволен. Меѓутоа, она што не се гледа е дека така остануваат спорите. Што се спорите? Тие, едноставно кажано, се вчаурена форма на бактеријата. Таквата вчаурена спора може во својата чаура да преживее повеќе децении „без храна и вода“, дури и до 69 години. Тие можат да „оживат“ многу брзо и повторно да се појави трулежта предизвикана од нив, на пример штом снема антибиотик во кошницата и болеста тогаш пак се појавува. Но можат да „направат проблеми“ дури и по неколку, две-три години кога повторно ќе се појави некој од горенаведените услови. Во текот на тие престојни години пчеларот постојано врши размена на рамови меѓу кошниците и така ги разнесува спорите во пчеларникот со што самиот созадава катастрофа од големи размери до која сигурно ќе дојде само прашање на време е кога таа ќе се случи. Големата раширеност на Американската трулеж се должи токму на оваа неодговорна постапка на недоволно информираните пчелари.

Во Европската унија со закон е забранета употребата на антибиотиците во пчеларството. Една од причините е што не постои гаранција дека со примена на антибиотикот во које било годишно време тој нема да допре до медот. Според законите во европската унија, доколку во медот се најдат антибиотици, тој мора да биде уништен.

Другата причина лежи во фактот што примената на антибиотиците се штетни и за самите пчели, имено така се намалува нивниот животен век, поголем дел однив ќе угинат, а остануваат неквалитетни пчели чиј развој е успорен и недоволен и кои пренесуваат лоши гени. Отстранувањето на корисните цревни бактерии кај пчелите под дејство на антибиотиците исто така остава простор за развој на габичките и долготрајните и тешки габични инфекции кај пчелите и леглата. На крајот пчеларот со антобиотикот прави повеќе штета одошто што ја лекува болеста.

Како се сузбива Американската трулеж

Бидејќи Американската трулеж е опсано заразна болест, кога ќе се појави секој пчелар е должен да пријави во надлежниот орган кој ќе преземе соодветни мерки. Доколку друштвото е многу заразено, тогаш тоа навечер се угушува со палење сулфур во кошницата Угинатите пчели и саќето со леглото се запалуваат во ископана дупка, која после се затрупува. Саќето без легло се потопува и дезинфицира. Ако пчелите се во стари кошници или во кошници со неподвижно саќе, тогаш тие предвечер се запалуваат и се закопуваат. Кошниците кои не се спалени, треба да се дезинфицираат. Силните пчелни друштва, кај кои болеста навреме е забележана, можат со успех да се излечат. Лекот се употребува со претресување на пчелите. Прво пчелите се претресуваат во дезинфицирана или нова кошница во која претходно се става ново, незаразено саќе или сатни основи. Потоа друштвото се прихранува со 1 литар шеќерен сируп (1:1) во кој претходно се растопува 0,5 gr sulfatiazol-natrium (1 таблета). Тоа му се додава на пчелиното друштво во 4 наврати, на секои 2 до 3 дена. Може да се употреби 1 грам геомицин во 1 литар сируп (1:1) кој му се дава на пчелните друштва на ист начин како и sulfatiazol-natrium-от.

Дезинфекцијата на кошниците и пчеларскиот прибор и алати успешно се изведува со бензинска лет-ламба. Со пламеникот се спалуваат внатрешните делови на кошницата со рамките од кои претхосно се вади саќето. Во недостаток на лет-ламба може да се употреби 10% раствор од жива сода-NaOH (растворена во вода). Овој раствор внимателно се нанесува на внатрешните делови на кошницата. Нанесениот раствор се остава да стои на кошницата неколку часа, а потоа се пери и се риба со четка. Плакнењето се повторува два до три пати и кога кошницата ќе се исуши, во нејзе повторно може да се смести пчелното друштво. Приборот треба да се остави да изврие во вода 15-20 минути.

Пролетна прихрана на пчелите

Пролетна прихрана на пчелите

     За пролетна прихрана на пчелите  се користи  мешавината од 67% шеќерен сируп (два дела шеќер еден дел вода – по тежина) и 33% цветен полен. Со топењето на снеговите и покачувањето на температурите во пчелната кошница започнува пролетниот циклус.  Клубето постепено се расформирува, а матица[...]
Природен лек за лечење херпес

Природен лек за лечење херпес

      После подолго користење на кремите против херпес, херпесот развива имунитет. Затоа постои начин кој го користеле вашите баби и е многу ефикасен природен лек.     Пригответе смеса од 3 ситно рендани, покрупни чешни лук измешани со 100 грама мед. Со оваа смеса [...]
Како правилно се употребува медот

Како правилно се употребува медот

  Веројатно сте чуле доволно за благодетите од употребата на медот. Овој пат ви откриваме неколку практични совети за тоа како правилно се конзумира медот, за да се извлече најмногу од неговите корисни состојки, и што никогаш не би требало да правите при употреба на медот. Веројатно с[...]
Пчелите одблиску

Пчелите одблиску

  Овие макро фотографии кои се направени со цел да се каталогизираат видовите пчели во Северна Америка ни ги прикажуваат пчелите на начин кој не е видлив за човечкото око. Фотографиите се направени за истражувачки цели и со ектремно висока резолуција, а толку се детални што ни ги прикажуваат[...]
Зошто медот никогаш не се расипува

Зошто медот никогаш не се расипува

  Археолозите при ископувањата на древните египетски гробници често наидувале на нешто сосема неочекувано, помеѓу другите артефакти: ќупови со мед, стар илјадници години кој се уште е добар за да се јаде. Така археолозите ни открија еден фасцинантен факт за медот - дека тој е единствената хр[...]
Европската Унија ќе ги забрани пестицидите кои ги убиваат пчелите

Европската Унија ќе ги забрани пестицидите кои ги убиваат пчелите

Државите-членки на Европската Унија се согласија да изгласаат двегодишна забрана за користење на неоникотиноидните пестициди, пестицидите за кои мноштво научници се согласни дека се главната причина за драматичното изумирање на пчелите во Европа. Државите-членки на Европската Унија се согласи[...]
Поморот на пчелите достигна алармантно ниво, стручњаците ги обвинуваат корпорациите

Поморот на пчелите достигна алармантно ниво, стручњаците ги обвинуваат корпорациите

Со месеци наназад медиумите објавуваат вести за поморот на пчелите низ цел свет, а научниците предупредуваат дека изумирањето на пчелите би значело целосно изумирање на флората и фауната и тоа во тек на четири години после исчезнувањето на пчелите. Стручњаците предупредуваат дека непрепознавањето на[...]
Пчелиниот отров во борба против ХИВ-вирусот

Пчелиниот отров во борба против ХИВ-вирусот

  Најновите научни истражувања сугерираат дека пчелиниот отров може да помогне во борбата против сидата. Научниците од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис развиле нано-честички исполнети со токсинот кој се наоѓа во пчелиниот отров, а кои можат да помогнат во уништувањето на ХИВ вирусот. [...]
Мед и ѓумбир

Мед и ѓумбир

Покрај медот и циметот постои уште една моќна комбинација која е позната по нејзините лековити својства, тоа е комбинацијата од МЕД И ЃУМБИР.  И медот и ѓубирот сами по себе имаат силни лековити својства, а нивната комбинација се верува дека e моќнo средство за лекување на дијабетисот, главоболките,[...]
Последниот убод на пчелата

Последниот убод на пчелата

      Доколку некогаш сте се прашувале зошто пчелите умираат откако ќе убодат некого оваа фотографија го има одговорот. На фотографијата се гледа како пчелата ја боде раката и потоа се обидува да одлета додека осилото останува забодено во раката на жртвата. Значи, ка[...]
Медот во исхраната на децата

Медот во исхраната на децата

  Редовното, секојдневно конзумирање на медот обезбедува здравје и виталност кај детето, подобар развој и напредок, како и поголема отпорност кон инфекции. Прочитајте на која возраст треба да се започне со давање на мед на децата и кои се корисните придобивки на медот кои допринесуваат за зд[...]
Пчелите самите се лекуваат

Пчелите самите се лекуваат

  Најновите истражувања ни откриваат уште еден фасцинантен податок за пчелите - нивната способност да се лечат кога ќе се разболат. Кога пчелите се инфектирани со габички тие собираат поголема количина екстракти од растенијата кои делуваат анти-габично. Пчелите ја обложуваат кошни[...]