Вистински информатор за пчеларство
Get Adobe Flash player

Државите-членки на Европската Унија се согласија да изгласаат двегодишна забрана за користење на неоникотиноидните пестициди, пестицидите за кои мноштво научници се согласни дека се главната причина за драматичното изумирање на пчелите во Европа.

918968-belgium-eu-bee-populationДржавите-членки на Европската Унија се согласија да изгласаат двегодишна забрана за користење на неоникотиноидните пестициди, пестицидите за кои мноштво научници се согласни дека се главната причина за драматичното изумирање на пчелите во Европа.

 

Европската комисија даде зелено светло за двегодишна забрана за користење на пестицидите кои беа посочени како главни виновници за масовното изумирање на пчелите. Оваа забрана ќе се однесува за земјите-членки на Европската Унија. Забраната ќе се однесува на три видови на пестициди и се очекува да стапи во сила кон крајот на оваа, 2013, година. Земјите кои беа против забрана, вклучувајќи ги во нив Велика Британија и Унгарија, не успеаа да добијат доволно поддршка за да ја спречат донесувањето на одлуката за која гласаа позитивно 15 нации, од кои една од нив беше и Франција.

918982-belgium-eu-bee-population

Пчелите имаат удел од 80 проценти во запрашувањето на растенијата, покрај другите инсекти, и се витални за глобалното производство на храна. Без улогата на пчелите многу од растенијата не би давале плод и затоа би требало да се опрашуваат на вештачки начин. Најголемите светски произведувачи на пестициди, Bayer и швајцарската Sygenta, главните играчи на глобалниот агрохемиски пазар ги отфрлаат тврдењата дека нивните продукти се главната причина за поморот на пчелите и велат дека таквите студии кои стојат зад сугерираната забрана се базирани на квази-наука. Сепак, од Европската Унија изгледа ги сфатија сериозно таквите научни студии и барањата на европските пчелари кои протестираа пред Европскиот Совет и комисија во Брисел во април оваа година и тоа резултираше со донесување одлука да се стави двегодишна забрана за користење на контроверзните пестициди во земјите-членки на ЕУ.

Пролетна прихрана на пчелите

Пролетна прихрана на пчелите

     За пролетна прихрана на пчелите  се користи  мешавината од 67% шеќерен сируп (два дела шеќер еден дел вода – по тежина) и 33% цветен полен. Со топењето на снеговите и покачувањето на температурите во пчелната кошница започнува пролетниот циклус.  Клубето постепено се расформирува, а матица[...]
Природен лек за лечење херпес

Природен лек за лечење херпес

      После подолго користење на кремите против херпес, херпесот развива имунитет. Затоа постои начин кој го користеле вашите баби и е многу ефикасен природен лек.     Пригответе смеса од 3 ситно рендани, покрупни чешни лук измешани со 100 грама мед. Со оваа смеса [...]
Како правилно се употребува медот

Како правилно се употребува медот

  Веројатно сте чуле доволно за благодетите од употребата на медот. Овој пат ви откриваме неколку практични совети за тоа како правилно се конзумира медот, за да се извлече најмногу од неговите корисни состојки, и што никогаш не би требало да правите при употреба на медот. Веројатно с[...]
Пчелите одблиску

Пчелите одблиску

  Овие макро фотографии кои се направени со цел да се каталогизираат видовите пчели во Северна Америка ни ги прикажуваат пчелите на начин кој не е видлив за човечкото око. Фотографиите се направени за истражувачки цели и со ектремно висока резолуција, а толку се детални што ни ги прикажуваат[...]
Зошто медот никогаш не се расипува

Зошто медот никогаш не се расипува

  Археолозите при ископувањата на древните египетски гробници често наидувале на нешто сосема неочекувано, помеѓу другите артефакти: ќупови со мед, стар илјадници години кој се уште е добар за да се јаде. Така археолозите ни открија еден фасцинантен факт за медот - дека тој е единствената хр[...]
Поморот на пчелите достигна алармантно ниво, стручњаците ги обвинуваат корпорациите

Поморот на пчелите достигна алармантно ниво, стручњаците ги обвинуваат корпорациите

Со месеци наназад медиумите објавуваат вести за поморот на пчелите низ цел свет, а научниците предупредуваат дека изумирањето на пчелите би значело целосно изумирање на флората и фауната и тоа во тек на четири години после исчезнувањето на пчелите. Стручњаците предупредуваат дека непрепознавањето на[...]
Пчелиниот отров во борба против ХИВ-вирусот

Пчелиниот отров во борба против ХИВ-вирусот

  Најновите научни истражувања сугерираат дека пчелиниот отров може да помогне во борбата против сидата. Научниците од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис развиле нано-честички исполнети со токсинот кој се наоѓа во пчелиниот отров, а кои можат да помогнат во уништувањето на ХИВ вирусот. [...]
Мед и ѓумбир

Мед и ѓумбир

Покрај медот и циметот постои уште една моќна комбинација која е позната по нејзините лековити својства, тоа е комбинацијата од МЕД И ЃУМБИР.  И медот и ѓубирот сами по себе имаат силни лековити својства, а нивната комбинација се верува дека e моќнo средство за лекување на дијабетисот, главоболките,[...]
Последниот убод на пчелата

Последниот убод на пчелата

      Доколку некогаш сте се прашувале зошто пчелите умираат откако ќе убодат некого оваа фотографија го има одговорот. На фотографијата се гледа како пчелата ја боде раката и потоа се обидува да одлета додека осилото останува забодено во раката на жртвата. Значи, ка[...]
Медот во исхраната на децата

Медот во исхраната на децата

  Редовното, секојдневно конзумирање на медот обезбедува здравје и виталност кај детето, подобар развој и напредок, како и поголема отпорност кон инфекции. Прочитајте на која возраст треба да се започне со давање на мед на децата и кои се корисните придобивки на медот кои допринесуваат за зд[...]
Американска трулеж: Симптоми, причини за појава и лечење

Американска трулеж: Симптоми, причини за појава и лечење

        Американската трулеж или гнилец е опасна и многу заразна болест кај пчелите која е предизвикана од бактеријата Paenibacillus larvae. Оваа бактерија постојано е присутна кај пчелините друштва, но не предизвикува секогаш болест.      [...]
Пчелите самите се лекуваат

Пчелите самите се лекуваат

  Најновите истражувања ни откриваат уште еден фасцинантен податок за пчелите - нивната способност да се лечат кога ќе се разболат. Кога пчелите се инфектирани со габички тие собираат поголема количина екстракти од растенијата кои делуваат анти-габично. Пчелите ја обложуваат кошни[...]