| Оплодување на матицата |
|
Свадбен пат на матицата и нејзиното парење Штотуку изведената млада матица не е стасана за парење, треба полово да созрее за тој чин. Тоа станува по 3 до 6 дена од нејзиното изведување. Со појавата на половиот жар кај матицата во убаво и топло време на возраст од 7от до 20-от ден, матицата излегува на свадбен лет за спарување.Бидејќи спарувањето на матицата настанува во воздухот таа ќе мора да лета надвор од своето живеалиште. Затоа таа на 2-от или 3-от ден пред парењето излетува надвор од улиштето на таканаречееиот ориентациоиен лет. Првин матицата облетува кругови околу улиштето, а потоа се подалеку и подалеку. При секој лет матицата испушта соецифична мизризба со (која им обрнува внимаиие иа трутовите за да ја следат во времето на свадбениот лет.При свадбениот лет матицата лета и по неа летнуваат во потера голем број трутови. На тој начин се образува летачки свадбен грозд. Најсилниот, најздравиот и најспособниот трут успева да ја оплоди матицата. На ваков начин доаѓа до природна позитивна селекција. Порано се сметало дека матицата само едааш и со еден трут се парела. Но со подоцнежните истражувања на тоа поле е докажано дека таа се оплодува од повеќе трутови и дека на овадбен лет излегува повеќе пати.Бројот иа парењата на матицата зависи од тоа колкава количина на сперматозоиди ќе остави трутогг во матицата. Трутот може да исфрли сперма од 1,5 до 3 мм3 а кај штотуку оплодената матица во својот полов орган има 6 до 20 мм3 иа сперматозоиди. Овој податок сам за себе зборува дека матицата се спарува со поголем број на трутови.Во семeната кесичка на матпицата сперматозоидите остануваат до крајот на нејзиниот живот, кеде што се хранат со секретот на додатната жлезда. Бидејќи матицата се парела со Повеќе трутови (полиандријско), и нејзиното потомство може да потекнува од различни трутони.Се смета дека ако матицата не се спари со трутот за време од три до четири недели, тогаш таа го губи половиот нагон, престанува да излетува од улиштето и по 6 до 8 недели почнува да полага неоплодени јајца, од кои се развиваат оамо трутови. Затоа таквата матица ја нарекуваме трутовска.Ако парењето е извршено во нормални услови и матицата среќно се врати во своето улиште, тогаш во јајниците на матицата почнуваат да се создаваат јајца и по 3 до 4 дена таа почнува да полага јајца. Се смета дека нормалио развиена матица во едно деноноќие полага 1200 до 1500 јајца, а некои селекционирани матици можат да положат и до 3000 јајца. Толку големиот број опложени јајца, по својата тежина, можат да ја надминат тежината на матицата за 2 до 3 пати. |