| фосил |
|
Пронајдениот фосил на пчелата е најмалку 35 до 45 милиони години постар од сите досега пронајдените фосили на тој инсект.
Американските научниците соопштија дека пронашле фосил на пчела, стара сто милиони години. Тој примерок претставува важна карика во објаснувањето на еволуцијата на билките и цвеќињата во тој период, како и улогата на инсектите, се наведува во студијата објавена во најновиот број на американското списание „Сајенс“. Пчелите во тој период имале карактеристики, вообичаени за пчелите и осите, се наведува во студијата и се додава дека тој пристап е во спротивност во теоријата дека современите пчели, зависни од поленот на билките за да опстанат, еволуирале и оти се поинакви од своите предци. |