| “Дресура на пчелите“ |
Како интересна техника при произвотсво на високо квалитетни , благородни медови, се практикува “дресура“ на пчелното друштво. Пчелата е инсект со високо развиен орган за мирис. Способни да осетат и најслаби миризливи дразби, голем дел од нивното однесување се базира на дразбите на органот за мирис. За пчеларот тоа е мошне поволно однесување на пчелата. Доколку некоја пчела, при нејзината птрага по поленов прав наиде на простор со богата паша, нејзиниот товарен простор го полни, и при враќањето во кошницата, прецизно го снима патот. Во кошницата го изведува незиниот “пчелен танц“ и додека ја пренесува информацијата на другите пчели за локацијата на откриената паша, од жлездите им лачи за која врста на храна се работи. Така информирани пчелите се упатуваат кон пашата. Интересен е податокот дека доколку пчелите собираат нектар и полен од одредено растение, природниот механизам им наложува да го преферираат тој состав на нектар. Ова остава можност за сакана насока на нашето влијание врз пчелите. Доколку одредено растение го има во значителна количина и на пчелното друштво приквечер му додаваме по половина литар чај, засладен со 50 грама шеќер или мед, самото друштво од раните мугри ќе настојува да ја лоцира миризбата на соодветниот цвет. Да напоменеме дека и додатокот на мед не е никаков трошок на пчеларот, туку по испарувањето на водата при ферментирањето на новиот мед тој завршува како мед. Од таа гледна точка ова само за малку ја наголемува интервенцијта на пчеларот врз друштвото. Овој метод го спроведив врз едно пчелно друштво, што во летните жештини добиваше засладен чај од Мајкина Душица, и можам да се пофалам дека приносот беше висико квалитетен мед со силна арома на цветот. За жал комерцијалната пресметка не се софпадна така поволно како кај другите друштва со нормална прихрана. А. Тренчески |
Како интересна техника при произвотсво на високо квалитетни , благородни медови, се практикува “дресура“ на пчелното друштво.