Menu Content/Inhalt
Почетна страна arrow Популарно arrow Пчели „деминери“
Пчели „деминери“
 Тим од агрономскиот факултет во Загреб веќе неколку години тренира пчели до намера да ги "специјализира" за пронаоѓање на мински полиња.
Тимот на проф. Д-р Никола Кезиќ од загребскиот Агрономски факултет веќе неколку години ја истражува можноста за тренирање на автохтони медоносни пчели за откривање мини.
Пчелите се прихрануваат со сируп кој во себе го содржи мирисот на TНТ (тринитротолуол), а потоа пуштени во полето тој мирис го поврзуваат со храната. Кога ќе го препознаат мирисот на ТНТ на тие локации ќе се задржат подолго отколку вообичаеното, во потрага по шеќерниот сируп.

Пред да бидат пратени во природа се изложени на радијација, па потоа со следење на нивните движења може да се добие прилично добра сугестија за местата кои имаат мини.Оваа метода е веќе тестирана на минските полиња покрај Бенковац и Шкабрње во Хрватска и нуди задоволувачки резултати.