Вистински информатор за пчеларство
Get Adobe Flash player

 

Веројатно сте чуле доволно за благодетите од употребата на медот. Овој пат ви откриваме неколку практични совети за тоа како правилно се конзумира медот, за да се извлече најмногу од неговите корисни состојки, и што никогаш не би требало да правите при употреба на медот.

upotreba na medotВеројатно сте чуле доволно за благодетите од употребата на медот. Овој пат ви откриваме неколку практични совети за тоа како правилно се конзумира медот, за да се извлече најмногу од неговите корисни состојки, и што никогаш не би требало да правите при употреба на медот.

Најдобар начин за конзумирање на медот е да се зема една лажица на празен стомак, наутро и навечер. Медот би требало да стои во устата и полека да се растопува неколку минути. Не го голтајте наеднаш и не го заливајте со вода. Со задржување на медот во устата ќе ја овозможите апсорпцијата на медот преку крвните садови што се наоѓаат под јазикот и ќе овозможите да се апсорбира во организмот пред да дојде до желудникот.

Друга варијанта е да растопите една лажица мед во млако млеко или чај. Потоа овој напиток пијте го полека со мало задржување во устата. На овој начин се активира ензимот кој го потикнува активирањето на антисептичното и антивирусното својство на медот кое делува прво на усната шуплина и грлото, а потоа на остатокот од организмот. На овој начин се користи максимално од корисните својства на медот и се јакне имунилошкиот систем.

Медот кој се конзумира наутро дава сила и енергија, а оној кој се конзумира навечер, со млеко или чај, ќе ви помогне вам и на вашите деца да имате подобар сон.

Мед не му се дава на деца помали од една година (според најновите истражувања и на оние кои имаат помалку од две години) заради две причини: ботулизам кај доенчињата, тешко заболување кое може да го предизвика медот и заради потенцијалните алергиски реакции. Медот содржи висока концентрација на потенцијални алергени на кои детскиот организам не е подготвен, па затоа треба да се биде претпазлив.

Медот можете да го ставате на изгореници веднаш после нивноото настанување со што ќе избегнете создавање на пликови и лузни. Медот можете да го ставате и на помали рани и исеченици бидејќи е антисептичен. Со тоа ќе извршите стерилизација и ќе ја намалите болката.

Никогаш не го изложувајте медот на високи температури. Медот станува токсичен кога ќе се изложи на високи температури. Затоа медот никогаш не го ставајте во колачи и јадења што се печат. Многу загреан или запечен мед е штетен бидејќи создава леплива токсична маса која прави застој во работата на цревата и системот за варење. Медот ги губи лековитете својства на температури повисоки од 40 степени целзиусови, па затоа ставајте го во чајот дури откако тој добро ќе се разлади за медот да го задржи благотворните и корисни состојки.

Медот, по можност, земајте го со дрвена, порцеланска или пластична лажица, но не и со метална. Наводно доаѓа до хемиска реакција при која се губат одредени својства на медот кога тој се зема со метална лажица. Иако многумина велат дека тоа е мит бидејќи при обработката на медот често се користат метални предмети, ако сакате да бидете сигурни подобро избегнувајте ги металните лажици.

Медот со кристализација не ги губи лековитите својства. Тоа е само природен процес кој се одвива кога медот се чува на малку пониски температури. Рокот на траење на медот, во добро затворен сад, е неограничен.

Пролетна прихрана на пчелите

Пролетна прихрана на пчелите

     За пролетна прихрана на пчелите  се користи  мешавината од 67% шеќерен сируп (два дела шеќер еден дел вода – по тежина) и 33% цветен полен. Со топењето на снеговите и покачувањето на температурите во пчелната кошница започнува пролетниот циклус.  Клубето постепено се расформирува, а матица[...]
Природен лек за лечење херпес

Природен лек за лечење херпес

      После подолго користење на кремите против херпес, херпесот развива имунитет. Затоа постои начин кој го користеле вашите баби и е многу ефикасен природен лек.     Пригответе смеса од 3 ситно рендани, покрупни чешни лук измешани со 100 грама мед. Со оваа смеса [...]
Пчелите одблиску

Пчелите одблиску

  Овие макро фотографии кои се направени со цел да се каталогизираат видовите пчели во Северна Америка ни ги прикажуваат пчелите на начин кој не е видлив за човечкото око. Фотографиите се направени за истражувачки цели и со ектремно висока резолуција, а толку се детални што ни ги прикажуваат[...]
Зошто медот никогаш не се расипува

Зошто медот никогаш не се расипува

  Археолозите при ископувањата на древните египетски гробници често наидувале на нешто сосема неочекувано, помеѓу другите артефакти: ќупови со мед, стар илјадници години кој се уште е добар за да се јаде. Така археолозите ни открија еден фасцинантен факт за медот - дека тој е единствената хр[...]
Европската Унија ќе ги забрани пестицидите кои ги убиваат пчелите

Европската Унија ќе ги забрани пестицидите кои ги убиваат пчелите

Државите-членки на Европската Унија се согласија да изгласаат двегодишна забрана за користење на неоникотиноидните пестициди, пестицидите за кои мноштво научници се согласни дека се главната причина за драматичното изумирање на пчелите во Европа. Државите-членки на Европската Унија се согласи[...]
Поморот на пчелите достигна алармантно ниво, стручњаците ги обвинуваат корпорациите

Поморот на пчелите достигна алармантно ниво, стручњаците ги обвинуваат корпорациите

Со месеци наназад медиумите објавуваат вести за поморот на пчелите низ цел свет, а научниците предупредуваат дека изумирањето на пчелите би значело целосно изумирање на флората и фауната и тоа во тек на четири години после исчезнувањето на пчелите. Стручњаците предупредуваат дека непрепознавањето на[...]
Пчелиниот отров во борба против ХИВ-вирусот

Пчелиниот отров во борба против ХИВ-вирусот

  Најновите научни истражувања сугерираат дека пчелиниот отров може да помогне во борбата против сидата. Научниците од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис развиле нано-честички исполнети со токсинот кој се наоѓа во пчелиниот отров, а кои можат да помогнат во уништувањето на ХИВ вирусот. [...]
Мед и ѓумбир

Мед и ѓумбир

Покрај медот и циметот постои уште една моќна комбинација која е позната по нејзините лековити својства, тоа е комбинацијата од МЕД И ЃУМБИР.  И медот и ѓубирот сами по себе имаат силни лековити својства, а нивната комбинација се верува дека e моќнo средство за лекување на дијабетисот, главоболките,[...]
Последниот убод на пчелата

Последниот убод на пчелата

      Доколку некогаш сте се прашувале зошто пчелите умираат откако ќе убодат некого оваа фотографија го има одговорот. На фотографијата се гледа како пчелата ја боде раката и потоа се обидува да одлета додека осилото останува забодено во раката на жртвата. Значи, ка[...]
Медот во исхраната на децата

Медот во исхраната на децата

  Редовното, секојдневно конзумирање на медот обезбедува здравје и виталност кај детето, подобар развој и напредок, како и поголема отпорност кон инфекции. Прочитајте на која возраст треба да се започне со давање на мед на децата и кои се корисните придобивки на медот кои допринесуваат за зд[...]
Американска трулеж: Симптоми, причини за појава и лечење

Американска трулеж: Симптоми, причини за појава и лечење

        Американската трулеж или гнилец е опасна и многу заразна болест кај пчелите која е предизвикана од бактеријата Paenibacillus larvae. Оваа бактерија постојано е присутна кај пчелините друштва, но не предизвикува секогаш болест.      [...]
Пчелите самите се лекуваат

Пчелите самите се лекуваат

  Најновите истражувања ни откриваат уште еден фасцинантен податок за пчелите - нивната способност да се лечат кога ќе се разболат. Кога пчелите се инфектирани со габички тие собираат поголема количина екстракти од растенијата кои делуваат анти-габично. Пчелите ја обложуваат кошни[...]