Манифест
Потребата која се појави за популаризација на една ваква страна на македнски јазик е од самото нејзино непостоење. Замислата која ја имам е да се создаде еден солиден информатор кој што ќе им овозможи на почетниците но и на искусните пчелари да имаат размена на знаењата што во секој поглед цели кон напреднување на пчеларството во Македнонија. Одтаму и овие страни.
Од овие причини потребна ми е и ваша помош и учество. Затоа Ги замолувам сите пчелари и здруженија на пчелари да ми се обратат/достават текстови (задолжително со име и презиме на авторот) во кој ќе бидат објавени нивните начини на работа со пчели, по можност проследени со слики, и потребни се слики и информации за настаните и активностите на здруженијата на пчелари.
Јас се обврзувам да финансиски ја одржувам страницата активна и од таа причина за жал не сум во можност за исплаќање на хонорари за објавените текстови.
Во времина кога имаме висок степен на загадување животот станува се позагаден. Свестете се македонски народе имаме само една природа и неа треба да ја чуваме. Фабриките не присилуваат да си ги исечеме шумите и да не оставиме ништо зад нас. Јас лично во мојот живот спасот го гледам во пчеларството. Пчелата оплодува, не загадува и храна носи. Живееме во земја каде што потенцијалите за пчеларство се неограничени. ДА СЕ ЗДРУЖИМЕ така сме појаки.
Ангеле Тренчески – Геле