Вистински информатор за пчеларство
Get Adobe Flash player

Покрај медот и циметот постои уште една моќна комбинација која е позната по нејзините лековити својства, тоа е комбинацијата од МЕД И ЃУМБИР.  И медот и ѓубирот сами по себе имаат силни лековити својства, а нивната комбинација се верува дека e моќнo средство за лекување на дијабетисот, главоболките, настинките, вртоглавиците, мачнината и грипот.

medigjumbir

Покрај медот и циметот постои уште една моќна комбинација која е позната по нејзините лековити својства, тоа е комбинацијата од МЕД И ЃУМБИР.  И медот и ѓубирот сами по себе имаат силни лековити својства, а нивната комбинација се верува дека e моќнo средство за лекување на дијабетисот, главоболките, настинките, вртоглавиците, мачнината и грипот.

 

medigjumbir

 

Комбинацијата од мед и ѓумбир се користи во многу земји како традиционален лек кој има мошне поволнен ефект врз здравјето на луѓето. Ѓумбирот е познат по своите анти-канцерогени својства и неговата лековитост е призната и се променува како во лекувањето во минатото така и во медицината во денешно време.

Здравствени придобивки од комбинацијата мед и ѓубир:

Респираторни проблеми или проблеми со дишните патишта: Комбинацијата на мед со ѓубир делува мошне ефикасно обезбедувајќи инстантно намалување на симптомите на кашлицата, настинките проследени со кашлица и воопшто на сите видови настинки, исто така при болки во грлото и течење на носот

-Астма: Исто така, се верува дека комбинацијата на мед со ѓумбир и црн бибер може да биде ефикасен лек кој ги лечи и намалува симптопмите на астмата

-Проблеми со варењето: Медот и ѓумбирот исто така можат да се најдат во форма на тоник од мед и ѓумбир. Се верува дека овој тоник или сируп е добар за стимулирање на органите за варење заради добрите дигестивни својства на ѓумбирот. Поради тоа што и ѓумбирот и медот имаат својства на моќни антиоксиданси тие го подобруваат имунитетот. Затоа конзумирањето на едно лажиче од тоникот направен од мед и ѓумбир е многу корисно за оние со ослабен дигестивен систем.

-Подобрено варење: Се смета дека ѓумбирот помага во разложувањето на протеините и така го потпомага варењето. Овие својства на ѓумбирот помагаат при проблеми со стомачните гасови и при болки во стомакот. За лечење на овие проблеми со варењето и при болки во стомакот треба да се изедат неколку мали, свежи парчиња од корен од свеж ѓумбир веднаш после оброкот.

-Лекување на мачнина и мачнина при патување: Се верува дека коренот од ѓумбир го опушта мускулите на стомакот и со тоа делува како ефикасен лек против мачнина. Тој исто така може да се примени и како превентивно средство што ја спречува мачнината која се појавува при патување и да го спречи повраќањето.

-Намалување на менструалните тегоби: Повторно, својтвата на ѓумбирот кои ја спречуваат појаваѕа на грчеви на мускулите можат да бидат ефикасно средство и за олеснување на менструалните тегоби. За оваа цел треба да се подготви чај од ѓумбир со тоа што ќе се исече еден свеж корен од ѓумбир во мали, ситни парчиња кои потоа ќе се остават да вријат 15 минути. Или пак, алтернативно, може да се голтне една лажица ситно исецкан ѓумбир и после голтањето да се испие една чаша обична вода.

-Болки во грлото: Да се зоврие малку вода и во неа да се додаде цимет, мало парче ѓумбир, 1 лажица мед и да се испие

-При кашлица: Како лек против кашлицата која се повторува се зема половина лажиче прав од ѓумбир, еден прстофат каранфилче и еден прстофат цимет, на тоа се додава лажица мед и сето тоа се става во чаша зовриена вода и се пие како чај.

-Ѓумбирот е многу ефикасен лек кој се користи на различни начини за лечење болки во грлото. Всушност, ѓумбирот може да се користи како лек за настинки и грип, што најчесто се и главните причини за болки во грлото. За оваа намена ѓумбирот може да се зема во форма на чај или приготвен како топол напиток со обична вода и шеќер. Сокот од ѓумбир исто така се конзумира со мед при лечење на болките во грлото. За таа намена се приготвува половина лажиче ѓумбир, 2-3 каранфилчиња, 2-3 зрна црн бибер, 2-3 зрна кардамон, половина лажиче ким и сето тоа зоврива со додавање неколку ливчиња чај и мед. Напитокот може да се пие и жежок. Ова е добар лек за настинка и кашлање пропратено со шлајм.

-Медот и ѓумбирот го потпомагаат варењето и ги спречуваат стомачните заболувања. За оваа цел добро средство е сокот од ѓумбир направен од лажичка свежо исцеден сок од ѓумбир и лимон, заедно измешани во жешка вода во која се додава голема лажица мед.

СИРУП ПРОТИВ КАШЛИЦА ОД ЃУМБИР И МЕД

Потребни состојки:

1 лажица мед

1/2 кафено лажиче ѓумбир паста

1/2 кафено лажиче црн бибер во прав

1 мало лажиче киселина

3 мали лажички вода

Подготовка
Измиксајте го исецканиот ѓумбир со миксер за да се направи паста односно кашичка. Во мал сад, измешајте ја кашичката од ѓумбир со црниот бибер.
Додадете ја киселината и медот на смесата и добро промешајте.
Додадете и вода на смесата за да се направи концентриран сируп.
Оставете го сирупот да отстои неколку часа.
Пијте една до две лажици од сирупот, три пати на ден, за да ја излечите кашлицата.

Пролетна прихрана на пчелите

Пролетна прихрана на пчелите

     За пролетна прихрана на пчелите  се користи  мешавината од 67% шеќерен сируп (два дела шеќер еден дел вода – по тежина) и 33% цветен полен. Со топењето на снеговите и покачувањето на температурите во пчелната кошница започнува пролетниот циклус.  Клубето постепено се расформирува, а матица[...]
Природен лек за лечење херпес

Природен лек за лечење херпес

      После подолго користење на кремите против херпес, херпесот развива имунитет. Затоа постои начин кој го користеле вашите баби и е многу ефикасен природен лек.     Пригответе смеса од 3 ситно рендани, покрупни чешни лук измешани со 100 грама мед. Со оваа смеса [...]
Како правилно се употребува медот

Како правилно се употребува медот

  Веројатно сте чуле доволно за благодетите од употребата на медот. Овој пат ви откриваме неколку практични совети за тоа како правилно се конзумира медот, за да се извлече најмногу од неговите корисни состојки, и што никогаш не би требало да правите при употреба на медот. Веројатно с[...]
Пчелите одблиску

Пчелите одблиску

  Овие макро фотографии кои се направени со цел да се каталогизираат видовите пчели во Северна Америка ни ги прикажуваат пчелите на начин кој не е видлив за човечкото око. Фотографиите се направени за истражувачки цели и со ектремно висока резолуција, а толку се детални што ни ги прикажуваат[...]
Зошто медот никогаш не се расипува

Зошто медот никогаш не се расипува

  Археолозите при ископувањата на древните египетски гробници често наидувале на нешто сосема неочекувано, помеѓу другите артефакти: ќупови со мед, стар илјадници години кој се уште е добар за да се јаде. Така археолозите ни открија еден фасцинантен факт за медот - дека тој е единствената хр[...]
Европската Унија ќе ги забрани пестицидите кои ги убиваат пчелите

Европската Унија ќе ги забрани пестицидите кои ги убиваат пчелите

Државите-членки на Европската Унија се согласија да изгласаат двегодишна забрана за користење на неоникотиноидните пестициди, пестицидите за кои мноштво научници се согласни дека се главната причина за драматичното изумирање на пчелите во Европа. Државите-членки на Европската Унија се согласи[...]
Поморот на пчелите достигна алармантно ниво, стручњаците ги обвинуваат корпорациите

Поморот на пчелите достигна алармантно ниво, стручњаците ги обвинуваат корпорациите

Со месеци наназад медиумите објавуваат вести за поморот на пчелите низ цел свет, а научниците предупредуваат дека изумирањето на пчелите би значело целосно изумирање на флората и фауната и тоа во тек на четири години после исчезнувањето на пчелите. Стручњаците предупредуваат дека непрепознавањето на[...]
Пчелиниот отров во борба против ХИВ-вирусот

Пчелиниот отров во борба против ХИВ-вирусот

  Најновите научни истражувања сугерираат дека пчелиниот отров може да помогне во борбата против сидата. Научниците од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис развиле нано-честички исполнети со токсинот кој се наоѓа во пчелиниот отров, а кои можат да помогнат во уништувањето на ХИВ вирусот. [...]
Последниот убод на пчелата

Последниот убод на пчелата

      Доколку некогаш сте се прашувале зошто пчелите умираат откако ќе убодат некого оваа фотографија го има одговорот. На фотографијата се гледа како пчелата ја боде раката и потоа се обидува да одлета додека осилото останува забодено во раката на жртвата. Значи, ка[...]
Медот во исхраната на децата

Медот во исхраната на децата

  Редовното, секојдневно конзумирање на медот обезбедува здравје и виталност кај детето, подобар развој и напредок, како и поголема отпорност кон инфекции. Прочитајте на која возраст треба да се започне со давање на мед на децата и кои се корисните придобивки на медот кои допринесуваат за зд[...]
Американска трулеж: Симптоми, причини за појава и лечење

Американска трулеж: Симптоми, причини за појава и лечење

        Американската трулеж или гнилец е опасна и многу заразна болест кај пчелите која е предизвикана од бактеријата Paenibacillus larvae. Оваа бактерија постојано е присутна кај пчелините друштва, но не предизвикува секогаш болест.      [...]
Пчелите самите се лекуваат

Пчелите самите се лекуваат

  Најновите истражувања ни откриваат уште еден фасцинантен податок за пчелите - нивната способност да се лечат кога ќе се разболат. Кога пчелите се инфектирани со габички тие собираат поголема количина екстракти од растенијата кои делуваат анти-габично. Пчелите ја обложуваат кошни[...]