Вистински информатор за пчеларство
Get Adobe Flash player

Со месеци наназад медиумите објавуваат вести за поморот на пчелите низ цел свет, а научниците предупредуваат дека изумирањето на пчелите би значело целосно изумирање на флората и фауната и тоа во тек на четири години после исчезнувањето на пчелите. Стручњаците предупредуваат дека непрепознавањето на сериозноста на проблемот би можело скапо да ги чини, како земјоделците, така и корпорациите, освен ако во меѓувреме не смислат некој вештачки начин за опрашување. Најголемиот проблем во моментов е дијагнозата, велат тие, но нагласуваат дека дури и да ја најдат вистинската причина за поморот, властите немаат доволно волја за да борат против штетните влијанија заради судир на интереси или некомпетентност.

 honeybee-honeycomb-macro 26201 600x450

 Со месеци наназад медиумите објавуваат вести за поморот на пчелите низ цел свет, а научниците предупредуваат дека изумирањето на пчелите би значело изумирање на флората и фауната и тоа само после четири години после исчезнувањето на пчелите.

Статистиките се поразителни, само во САД минатата година изумреле 50 проценти од сите европски видови пчели. Не се само пчелите кои масовно изумираат, туку тоа е случај и со популациите на лилјаци и водоземците. Лилјаците страдаат од навалата на габите „geomyces destructans“, додека видовите жаби изумираат од навалата на бактеријата „batrachochytrium dendrobatidis“.  По таа логика и за поморот на пчелите би можеле да се обвинат одредени габи и бактерии, но стручњаците сметаат дека причините се далеку покомплексни и дека за поморот постои не една, туку повеќе причини.

 

 

GMO и пестицидите

Доколку пестицидите се земат за можна причина, тогаш се доаѓа до ГМО индустриите и употребата на клотианидот кои е особено погубен за пчелите. Но тоа не е доволна причина за компанијата Бајер да не го користи овој пестицид во голем дел од САД и покрај масовниот помор на дури 20 милиони пчели во само една кошница на Флорида. Државата Колорадо веќе упати тужба кон Агенцијата за заштите на околината (ЕПА) бидејќи беше докажано дека постојат тајни документи кои покажуваат дека овој проблем бил познат, но без разлика на тоа мултинационалната компанија продолжила да го продава пестицидот. Истото продолжи дури и после покренувањето на тужбата.

 

Пореметување на колапс на колонијата

CCD или “Colony collapse disorder“ (Пореметување на колапс на колонијата) е уште една од причините за смртноста кај пчелите, но не е познато што е тоа што му претходи на колапсот на колонијата.   Иако е познат т.н танц на пчелите со помош на кој пчелите наводно комуницираат и се враќаат во кошницата, кај ова пореметување им се губи способноста за навигација, па затоа пчелите не можат да се вратат во сопствените кошници после опрашувањето. Ова е светски феномен, па од таа причина стручњаците најголемата улога му ја препишуваат повторно на пестицидите.

Друга можна причина е паразитската мува Apocephalus borealis, која положува јајца на телото на пчелата. Пчелата после тоа одбива да се врати во кошницата,  и угинува. Како трета, а според многумина и најбитна причина, се наведува електромагнетото зрачење и сите можни сигнали кои ја окупираат атмосферата, а доаѓаат од современите технолошки апарати, како што се паметните телефони, а кое зрачење ја оневозможува сигнализацијата кај пчелите.

 

Паразитите како причинители на болести

Покрај сите глобални потенцијални причинители, тука се и другите паразити кои отсекогаш биле тука, но сега од некои причини нивното делување е засилено. Varroa destructo е причинител на варозата кај пчелата како надворешен паразит. Во кошницата варозата се шири преку леглото. На поголеми далечини се шири со селење на пчелните друштва, а од оболените кошници варозата ја пренесуваат пчелите работнички.

Ноземозата е болест која се појавува кај возрасните пчели предизвикана од прастар организам наречен Nosema apis. Тој ги напаѓа клетките на средното црево  на пчелите, каде се намножува и ги разјадува пчелите. Болната пчела живее пократко од здравата и обично угинува надвор од кошницата, така што болеста тешко се открива. Американската трулеж е заразна болест предизвикана од бактеријата Bacillus larvae, заразената пчелна заедница полека слабее бидејќи леглото нема доволна принова од млади пчели, за на крај леглото сосем да пропадне.

 

Вештачко опрашување во иднина?

Варовничкото легло или акосферозата е заразна болест на поклопеното легло која ги поседува сите услови кои делуваат неповолно на пчелната заедница и ја слабеат отпорноста на пчелните легла. Но, битно е да се нагласи дека ниту една од овие причини и болести сами по себе не можат да бидат услов за колективното изумирање на пчелите, затоа причината треба да се бара на друго место. Стручњаците тврдат дека најголемиот проблем во моментов е дијагнозата, но нагласуваат дека дури и да ја најдат вистинската причина за поморот, властите немаат доволно волја за да борат против штетните влијанија заради судир на интереси или некомпетентност. Непрепознавањето на сериозноста на проблемот би можело скапо да ги чини, како земјоделците, така и корпорациите, освен ако во меѓувреме не смислат некој вештачки начин за опрашување, а што можеби е и првичната идеја на корпоративниот сектор.

Пролетна прихрана на пчелите

Пролетна прихрана на пчелите

     За пролетна прихрана на пчелите  се користи  мешавината од 67% шеќерен сируп (два дела шеќер еден дел вода – по тежина) и 33% цветен полен. Со топењето на снеговите и покачувањето на температурите во пчелната кошница започнува пролетниот циклус.  Клубето постепено се расформирува, а матица[...]
Природен лек за лечење херпес

Природен лек за лечење херпес

      После подолго користење на кремите против херпес, херпесот развива имунитет. Затоа постои начин кој го користеле вашите баби и е многу ефикасен природен лек.     Пригответе смеса од 3 ситно рендани, покрупни чешни лук измешани со 100 грама мед. Со оваа смеса [...]
Како правилно се употребува медот

Како правилно се употребува медот

  Веројатно сте чуле доволно за благодетите од употребата на медот. Овој пат ви откриваме неколку практични совети за тоа како правилно се конзумира медот, за да се извлече најмногу од неговите корисни состојки, и што никогаш не би требало да правите при употреба на медот. Веројатно с[...]
Пчелите одблиску

Пчелите одблиску

  Овие макро фотографии кои се направени со цел да се каталогизираат видовите пчели во Северна Америка ни ги прикажуваат пчелите на начин кој не е видлив за човечкото око. Фотографиите се направени за истражувачки цели и со ектремно висока резолуција, а толку се детални што ни ги прикажуваат[...]
Зошто медот никогаш не се расипува

Зошто медот никогаш не се расипува

  Археолозите при ископувањата на древните египетски гробници често наидувале на нешто сосема неочекувано, помеѓу другите артефакти: ќупови со мед, стар илјадници години кој се уште е добар за да се јаде. Така археолозите ни открија еден фасцинантен факт за медот - дека тој е единствената хр[...]
Европската Унија ќе ги забрани пестицидите кои ги убиваат пчелите

Европската Унија ќе ги забрани пестицидите кои ги убиваат пчелите

Државите-членки на Европската Унија се согласија да изгласаат двегодишна забрана за користење на неоникотиноидните пестициди, пестицидите за кои мноштво научници се согласни дека се главната причина за драматичното изумирање на пчелите во Европа. Државите-членки на Европската Унија се согласи[...]
Пчелиниот отров во борба против ХИВ-вирусот

Пчелиниот отров во борба против ХИВ-вирусот

  Најновите научни истражувања сугерираат дека пчелиниот отров може да помогне во борбата против сидата. Научниците од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис развиле нано-честички исполнети со токсинот кој се наоѓа во пчелиниот отров, а кои можат да помогнат во уништувањето на ХИВ вирусот. [...]
Мед и ѓумбир

Мед и ѓумбир

Покрај медот и циметот постои уште една моќна комбинација која е позната по нејзините лековити својства, тоа е комбинацијата од МЕД И ЃУМБИР.  И медот и ѓубирот сами по себе имаат силни лековити својства, а нивната комбинација се верува дека e моќнo средство за лекување на дијабетисот, главоболките,[...]
Последниот убод на пчелата

Последниот убод на пчелата

      Доколку некогаш сте се прашувале зошто пчелите умираат откако ќе убодат некого оваа фотографија го има одговорот. На фотографијата се гледа како пчелата ја боде раката и потоа се обидува да одлета додека осилото останува забодено во раката на жртвата. Значи, ка[...]
Медот во исхраната на децата

Медот во исхраната на децата

  Редовното, секојдневно конзумирање на медот обезбедува здравје и виталност кај детето, подобар развој и напредок, како и поголема отпорност кон инфекции. Прочитајте на која возраст треба да се започне со давање на мед на децата и кои се корисните придобивки на медот кои допринесуваат за зд[...]
Американска трулеж: Симптоми, причини за појава и лечење

Американска трулеж: Симптоми, причини за појава и лечење

        Американската трулеж или гнилец е опасна и многу заразна болест кај пчелите која е предизвикана од бактеријата Paenibacillus larvae. Оваа бактерија постојано е присутна кај пчелините друштва, но не предизвикува секогаш болест.      [...]
Пчелите самите се лекуваат

Пчелите самите се лекуваат

  Најновите истражувања ни откриваат уште еден фасцинантен податок за пчелите - нивната способност да се лечат кога ќе се разболат. Кога пчелите се инфектирани со габички тие собираат поголема количина екстракти од растенијата кои делуваат анти-габично. Пчелите ја обложуваат кошни[...]