Медот е единствена храна која НИКОГАШ не се расипува. Тоа го докажаа и археолозите кога го пробаа медот што го открија во 3.000 години старата гробница на фараоните.

http://nymag.com/arts/articles/08/10/beeart/

Лековити својства на медот

 

mmw honey 040309 articleОд дамнина луѓето ги познавале и ги користеле лековитите својства на медот.  Овој производ на пчелите е исклучително богат со витамини и минерали кои се неопходни за одржување на доброто здравје.

Тука спаѓаат: железото, цинот, калциумот, фосфорот,калиумот, бакарот, магнезиумот,манганот, хромот и селенот. Покрај тоа, медот содржи и аминокиселини кои му се неопходни на организмот. Мноштвото растителни состојки во медот го јакнат имунолошкиот систем и ја зголемуваат отпорноста на болести, додека сировиот мед е полн се ензими коииграат улога во регенерацијата и здравјето на ќелиите, апсорбцијата на храната и сите биолошки процеси во организмот.

За да се исползува целокупната лековита моќ на медот тој треба да е природен. Често се поставува прашањето како да се препознае природен мед и дали тој се кристализира. Одговорот е - да. Природниот мед со текот на времето кристализира и по тоа може да се разликува од вештачкиот. За да проверите дали се работи за природен мед натопете чепкалка во тегла со мед. Кога ќе ја извидете доколку медот тече во непрекината линија, се работи за природен мед. Кога затворената тегла со мед се превртува, на врвот на теглата се формира воздушно меурче кое е исто така е показател дека медот е природен. 

Лековитите својства на медот - рецепти

Багремовиот мед во чај од камилица, добар е за лечење вртоглавица, несоница и тегоби кои се јавуваат во периодот на менопаузата.

Медот во чај од шипка, се препорачува за лечење на болестите на бубрезите и мочните патишта.

Медот од липа во чаша топло млеко, ги ублажува последиците на настинката.

За лечење на срцеви заболувања се зема ливадски мед растворен во чаша вода во која е додаден исцеден сок од еден лимон.

За лекување бронхитис и кашлица треба да се пие топло млеко во кое е растворена голема лажица мед.

За лечење запек, медот треба да се зема растворен во ладна вода, бидејќи растворен во топла вода има спротивен ефект.

За подобрување на имунитетот и подобрување на општата состојба на организмот, потребно е секое утро, на празен стомак, да се земе по една лажица мед. При тоа медот треба колку што може подолго да се задржи во устата, па дури потоа да се проголта за лековитите материи што е можнопобрзо и без разложување да стигнат во крвта.

Мед на изгореници
Нанесете на изгореницата. Ќе ја разлади, ќе ја отстрани болката и брзо ќе ја залечи изгореницата. Иако медот не е антибиотик, познато е дека бактериите не можат да живеат на мед.

Кашлица
Комбинацијата од мед и сок од лимон ја смирува кашлицата, го опушта телото, аиритирацијата на грлото уште од првата лажица од напитокот веднаш станува поподнослива.

Мокрење во кревет
Лажица мед пред спиење го спречува задржувањето на вода и ги смирува стравовите кај децата.

Несоница
Лажица мед растопена во чаша топло млеко делува како чудо при несоница.

Лек за мамурлак
Помешајте мед со сок од портокал и јогурт. Овој напиток може да се земе со парче леб. Од ова ќе се чувствуватемногу подобро дури и ако мамулакот е премногу јак за помине веднаш.

Хиперактивност
Медот е благ седатив кој содржи минерали, витамини, аминокиселини и др. Сиот бел шеќер заменете го со мед.Белиот шеќер делува стимулативно, но нема квалитети на здрава храна.

Течење крв од нос
Растопете лажица мед во сад со топла вода и инхалирајте ја пареата додека главата ви е прекриена со крпа.

Рани и изгребаници
Раната покријте ја со мед и замотајте ја.

Замор
Растопете една лажица мед во топла вода. Медот е по состав првенственофруктоза и гликоза и во телото системот за варење брзо ќе го апсорбира. (Медот е универзален природен стабилизатор, древните грчки атлетичари го користеле за издржливост пред и после натпревар).

Лосион  за длабоко чистење на кожата
Помешајте мед со овесно брашно (50/50) додека не добиете густа смеса која ќе ја нанесете на лицето. Оставете нека стои околу половина час и после тоа измијте го лицето. Ова е одлично средство против акни.

При проблеми со варењето
Помешајте мед со јаболков оцет во размер 50/50, па разредете го со вода. Не само што ова е добар лек за проблемите со варењето, туку и за проблемите со зглобовите.

Регенератор за коса
Помешајте мед со исто толкава количина маслиново масло и со мешавинатанамачкајте ја косата. Глава намотајте ја со топла крпа и оставете да стои околу час и половина. Потоа измијте ја косата со шампон и исплакнете ја со вода.

Воспалено грло
Растопете лажица мед и задниот дел од вашата уста, па пуштете растопениот мед да ви протече низ грлото. Ова го олеснува воспалението на грлото.

Стрес
Медот растопен во вода е како стабилизатор, смирува или по потреба - активира. Употребете отприлика 25% мед и 75% вода.

Импотенција
Медот е стар природен лек за проблемите со импотенција. Две лажици наутро и две лажици навечер пред спиење се сосем доволно за решавање на ваквите проблеми, а толку сепотребни и за решавање на проблемите и со насобраните нездрави масни наслаги.

Слабокрвност
Медот најдобро помага кај слабокрвноста и ја зголемува количината на крвни зрнца во крвта. Колку е медот потемен, толку повеќе содржи минерали.

Знаете за некоја друга употреба на медот во народната медицина? Споделете го рецептот или начинот на лекување во полето за коментирање.

 

Додај коментар