Пчелите што даваат мед сe жители на нашата планета околу 30 милиони години!

Паразитски јајца од муви фатални за пчелите




Група научници од Северна Калифорнија тврдат дека ја пронашле можната причина за намалувањето на светската популација на пчели - смртоносна паразитска мува која ги запоседнува телата на пчелите.

860781-0-20120104181150
Научниците велат дека мувата ги положува јајцата во абдоменот на пчелата,  со тоа предизвикувајќи инфектираната пчела да се однесува како зомби, вртејќи се наоколу во круг без чувство за ориентација во просторот. Вака инфектираната пчела ја напушта кошницата во текот на ноќта и набрзо потоа умира.

Новооткриениот вид муви-паразити се од видот Phoridae, нивното латинско име е apocephalus borealis, а биле пронајдени во три-четвртини од 31 кошница која била испитувана во крајбрежниот регион на Сан Франциско.
 860780-0-20120104181150

Заради инфекцијата предизвикана од овие муви во испитаните случаи се случувало сите возрасни пчели во колонијата одеднаш да исчезнат. Болеста предизвикува голема загриженост, а нејзината присутност е особено алармантна во Калифорнија каде пчелите имаат битна улога во милионската прехрамбена индустрија.

Студијата за новиот вид муви кои се фатални за пчелите, направена од научниците во Калифорнија, беше објавена во научниот журнал PLoS ONE.



Повеќе за болести и паразити

 

 

Коментари  

 
0 # gfds 2012-01-09 23:18
Ima nekoj slusnato/videno za vakvko nesto da se slucuva so pcelite vo nasive kraevi, ili ova e samo vo kalifornija ?
Одговори | Одговори со цитат | Цитат
 

Додај коментар