Научниците одгледуваат „Супер пчели“ отпорни на паразити и болести

За да ја сочуваат светската популација на пчели, која последниве пет години рапидно се намалува, научниците се трудат да одгледаат нов супер вид пчели кои ќе бидат отпорни на студенило, болести, паразити и
пестициди.
Опасните паразити, кои станаа имуни на инсектициди, претставуваат голема закана за пчелите последниве пет години. Според некои пресметки, паразитите, заедно со вирусите, се одговорни за смрттноста на 10 - 30 проценти од европските пчели, додека на Блискиот Исток таа смтност е дури 80 проценти.
Наместо да се борат со паразитите и вирусите, што изгледа како невозможна мисија, научниците се фокусираа на одгледување посилни, поотпорни пчели. Некои пчелини популации во Канада кои покажаа отпорност кон паразити, научниците ги изолираа, ги проучија и почнаа да ги одгледуваат на Универзитетот Манитоба во Винипег. Бидејќи оваа популација пчели опстојува во место со поладна клима, тие се отпорни и на студ, квалитет кој недостасува кај европските пчели кои често не ја преживуваат зимата.
Доколку научниците успеат во својата мисија, овие канадски пчели би можеле да бидат прототипот на идните „Супер пчели“ кои би можеле да играат битна улога во сочувањето на светската популација на пчели.